Ердоган: САД треба да ги напуштат регионите источно од Еуфрат – Сакаме Русија и Иран да бидат со нас
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да ги напуштат регионите источно од реката Еуфрат како дел од процесот Астана за Сирија.
Како што јави агенцијата Анадолија, тој истакна дека припадници на американската војска во Сирија продолжуваат да обучуваат терористи додека веат знаме на режимот.
„Нова антитерористичка операција во северна Сирија ќе биде на маса сè додека не се излезе во пресрет на долгогодишните грижи“, рече турскиот претседател.
„Сакаме Русија и Иран да бидат со нас во борбата против терористичките организации 30 километри јужно од сириската граница. Тие би требало да ни ја дадат потребната поддршка“, рече Ердоган.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…