Објавено на:

Ердоган се закани: Нема компромис со членството на Шведска и Финска во НАТО

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да заземе позитивен став за кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО доколку не ги исполнат своите ветувања за борба против тероризмот.

„Додека не престанат да ги поддржуваат терористичките организации да дејствуваат против нашата земја, не треба да очекуваат позитивен пристап од нас“, изјави Ердоган за телевизијата ТРТ, пренесува Анадолија.

Тој исто така рече дека никој не треба да очекува отстапки од Турција и дека Анкара постојано предупредува дека никој не треба да ги поддржува терористите на ПКК, како и ФЕТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во јуни, но Турција изрази приговори за тие кандидатури поради, како што тврди, толерирање и поддршка на терористички групи, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…