Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за борби за спорниот регион Нагорно-Карабах

t

Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за борби за спорниот регион Нагорно-Карабах, најсмртоносни од шестнеделната војна во 2020 година, во која загинаа илјадници луѓе.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека загинале 135 ерменски војници, пренесе Интерфакс од седницата на ерменскиот парламент. Претходно оваа недела беше објавено дека загинале 105 војници. Азербејџан објави дека загинале 77 војници, наспроти 71 според податоците од вчера. Двете земји велат дека бројките ќе бидат повисоки.

Ерменија соопшти дека азербејџанските сили оваа недела нападнале и зазеле населби на ерменска територија надвор од Нагорно Карабах. Азербејџан тврди дека одговара на провокациите на ерменската страна.

Прекинот на огнот со посредство на Русија ги заврши борбите во средата доцна навечер, но ситуацијата на границата останува напната, рече Пашинјан.Русија, која е воен сојузник на Ерменија, но сака пријателски односи со Азербејџан, рече дека ќе изврши притисок врз двете земји да ги повлечат своите сили на позициите што ги имале пред да избие конфликтот оваа недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет активни пожари на отворено, три се…

На територија на државата денеска до 18…

Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…

Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…

Девет луѓе беа убиени во украински напад…

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…

Почина легендарниот актер Тим Кари

Актерот Тим ​​Кари, кој почина на 80-годишна…