Ерменија: Нашите анализи покажуваат дека Азербејџан сака да започне воени операции
„Нашите анализи покажуваат дека Азербејџан сака да започне воени операции во некои области долж границата со изгледи за воена ескалација што би се претворила во тотална војна против Ерменија“, рече Пашинјан на состанокот на владата.
Ерменија и Азербејџан завчера се обвинија меѓусебно дека пукале на границата меѓу двете земји, во близина на Неркин Ханд на југоистокот на Ерменија. Според Ереван, во инцидентот загинале четворица ерменски војници.
„Азербејџан спроведува политика „дајте ми сè што сакам преку преговори или ќе преземам сè преку војската“, рече Пашинјан, обвинувајќи го Баку дека не сака безбедност и стабилност во регионот. Ереван се сомнева дека Азербејџан има нови територијални претензии откако минатиот септември, по три децении, го освои Нагорно Карабах, за кој се водеа две големи војни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…