Ер Србија ги прекинува летовите кон Тел Авив!
Авиокомпанијата „Ер Србија“ одлучи привремено да го прекине сообраќајот меѓу Белград и Тел Авив поради, како што наведоа, се посложената безбедносна ситуација во Израел, соопштија од компанијата.
Следниот лет планиран за недела, 22 октомври 2023 година, нема да се реализира, како и сите други летови до крајот на ноември, а продажбата на билетите на „Ер Србија“ на таа релација е привремено прекината.
Сите патници кои купиле авионски билети до крајот на ноември треба да се обратат во „Ер Србија“ и ќе имаат право на целосна рефундација, велат од компанијата.
„Ер Србија продолжува внимателно да ги следи информациите во врска со аеродромот Бен Гурион во Тел Авив и е во контакт со сите надлежни служби и органи. „Српската национална авиокомпанија веднаш ќе ја информира јавноста за повторно воспоставување летови кога ќе се исполнат условите“, нагласуваат од „Ер Србија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…