Објавено на:

Есенско заладување доаѓа во Македонија и на Балканот – чести врнежи, невремиња и пад на температурите

t

Полека но сигурно на летото и на многу високите температури на воздухот на Балканот и во Македонија им се наѕира крајот. Од 11 септември сѐ поизвесно е дека од север кон Балканот и кон Македонија ќе се спушти ладен атмосферски фронт кој ќе помине преку алпите и најверојатно овој ладен атмосферски фронт ќе ги донесе и првите снежни врнежи и првата снежна идила за оваа сезона на европските алпи.

Овој ладен атмосферски фронт од север ширум Балканот и во Македонија значително очекувам да ја дестабилизира атмоферата. Очекувам развој на олујни системи, чести врнежи, појава на грмежи и локални временски непогоди кои можат да создаваат нови проблеми.

Веќе од 11 септември температурите ќе бидат многу пониски и веќе полека ќе го чувствуваме надоаѓањето на есента и на есенското време со почести врнежи, но и со многу пониски температури на воздухот. Со пеколните горештини за ова лето и тоа од 11 септември веќе завршуваме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…