Ескобар ги “пошљака” Србите: Мора да заборавиме дека Косово е Србија

t

Ескобар: Мора да заборавиме дека Косово е Србија

Американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар оцени дека на повидок е почеток на подобрување на односите меѓу Белград и Приштина, порачувајќи дека треба да се заборави наративот дека „Косово е Србија“ и да се префрли на онаа дека „Косово а Србија се Европа“.

Ова го изјави Ескобар во интервју за Н1, одговарајќи на прашањето зошто би било во интерес на Србија да го признае Косово, доколку тоа се очекува од неа. Тој е на мислење дека Косово и Србија во иднина ќе се поврзуваат преку разни договори и дека ќе имаат добри односи. Екобар рече и дека никој не треба да страда поради регистарските таблички и дека двете страни треба да се фокусираат на европските решенија.

„Мислам дека треба да заборавиме на наративот дека Косово е Србија и да преминеме на онаа дека Косово и Србија се всушност Европа. Значи, имате заедничка иднина. Многу брзо се оддалечува од проблемите на деведесеттите, и се приближува до можностите што ги нуди 21 век. Дваесет и првиот век ќе биде век на економски можности за овој регион. Век во кој Западен Балкан ќе стане генератор на раст за целиот европски континент. „Век во кој ќе станете центар на производството на енергија, обновливите извори на енергија, ИТ секторот, превозот, транспортот и многу други економски сектори кои само овој регион може да ги обезбеди“, рече Ескобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 25…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до…

Неизвесно е дали ректорот на Белградскиот универзитет…

Сè уште е неизвесно дали ректорот на…