Ескобар на Косово! Го посети манастирот Високи Дечани
Заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар го посети вчера православниот манастир Високи Дечани, во западно Косово, заедно со заменичката амбасадор на САД во Косово, Алисон Грундер.
Веста синоќа на официјалната страница на Твитер ја потврди манастирскиот игумен, архимандрит Сава, кој објави и фотографија со Ескобар и Грундер.
Благодарни сме на цврстата посветеност на САД на заштитата на сите заедници и на верското наследство на Косово, напиша архимандритот во кратката објава на Твитер.
Делегацијата предводена од Ескобар, на која ќе се придружи и високиот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле денеска во Приштина ќе разговара со највисоките претставници на косовските институции, а утре ќе престојува и во Белград.
Посетата на Ескобар и Шоле на двете земји се случува во време на зголемена напнатост предизвикана од блокадите на локалните Срби во северно Косово, при што се случија и неколку напади со огнено оружје и експлозивни напади врз косовската полиција, но и врз припадници на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…