ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север
Владата на денешната петта седница го одобри Договорот за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД – Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД – Скопје, како и со наменската сметка, која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно-техничка соработка.
Како што информира владината прес-служба, Договорот е одобрен врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.
Договорот за реализација на деловно-техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје, се наведува во соопштението.
Владата денеска донесе и Одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север АД – Скопје и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД Електрани на Македонија во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…