ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за затворената истрага за набавката на мазут

t

ЕСМ поднесе приговор за затворената истрага за набавката на мазут, пренесе ТВ24. Од компанијата велат дека приговорот е да се укаже дека имало одредени неправилности  во водењето на постапката и да се побара дополнително разгледување и контрола. 

„Денеска е доставен приговорот од АД ЕСМ до ОЈО ГОКК и Вишото јавно обвинителство. Исто така, како што најавивме, поднесено е барање за контрола и до Јавното обвинителство. Барањето е со цел да се утврдат недоследностите за водење на постапката“, велат од ЕСМ за ТВ24.

По затворањето на истрагата која во ОЈО ГОКК траеше една година против Исмаил Јахоски, Ратко Капушевски и Васко Ковачевски Кој е бегалец, од ЕСМ веќе еднаш порачаа дека според нив обвинителката Катерина Коларевиќ паушално го спровела вештачењето и погрешно ги интерпретирала изјавите на инженерите кои биле повикани исклучиво да ги објаснат техничките аспекти на набавката и производството, а не да оценуваат дали има финансиска штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…

Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…

„Сум бил свиња и сакал да ме…

Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…