ЕУЛЕКС му одговори на Петковиќ: Немаме извршен мандат да водиме истрага за настаните во Бањска
ЕУЛЕКС го прими барањето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, но нема извршен мандат во кривично-правниот систем, а косовските власти се целосно надлежни за истрагата за настаните во Бањска, соопшти Мисијата.
„Во согласност со нашиот мандат и косовското законодавство, претставник на ЕУЛЕКС беше присутен за време на обдукцијата како набљудувач“, изјави ЕУЛЕКС на прашањето на порталот Косово онлајн дали го добила барањето на Петковиќ и дали ќе го исполни.
Претходно, Петковиќ испрати писмо до шефот на Мисијата ЕУЛЕКС, Пјетр Барбан, во врска со утврдувањето на околностите за смртта на тројцата Срби во Бањска, во кое бара на обдукцијата на телата во Приштина да присуствува независен тим од меѓународни експерти за судска медицина, вклучително и најмалку еден експерт делегиран од српска страна.
Тој го побара ова со цел „веродостојно и транспарентно да се утврдат околностите на страдањето на лицата од српска националност, за кои постојат основани сомневања дека биле брутално ликвидирани откако се предале“, пишува Косово онлајн.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…