„Еуроинвест Медиу“ реагира дека МНР одолговлекува со нејзин избор за реконструкција на дипломатски објект во Цирих

t

Компанијата „Еуроинвест Медиу“ со седиште во село Зајас денеска преку допис до медиумите реагира на одолговлекување на тендерската постапка од страна на Министерството за надворешни работи за избор на фирма која треба да изврши реконструкција на дипломатски објект во Цирих, Швајцарија.  

Како што се наведува во дописот кој е потпишан од управителот на компанијата, Генци Медиу, оваа фирма била единствената која се пријавила тендерот. Ова, како што велат оттаму, не треба да претставува ограничување договорната страна, односно МНР, да ја заврши тендерската постапка.  

„Компанијата ‘Еуроинвест Медиу’, почитувајчи ги сите законски прописи и исполнувајќи ги сите услови, изврши пријавување на тендерот за градежни работи и реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих, објавен од Министерството за надворешни работи со оглас број 19953/2023. Без разлика дали поради фактот што се работи за сложен зафат, во друга земја – Швајцарија или од недостаток на интерес, на огласот не беше пријавена друга компанија, законските прописи не дозволуваат тоа да претставува ограничување за договорната страна да не ја заврши тендерската постапка и да склучи договор со нас за изведување на реконструкцијата“,се вели во дописот од компанијата.  

Оттаму велат дека иако законските рокови за донесување на одлуката не се поминати, фактот што само за една компанија не е донесена одлука говори дека Министерството за надворешни работи го одолговлекува финализирањето на постапката и конечниот избор на оваа фирма за изведба на градежните работи.  

Од фирмата наведуваат оти се свесни дека тоа што седиштето на компанијата е во Зајас претставува „атрактивна политичка информација“, но тоа, како што додаваат, не смее да преставува ограничувачки фактор за нашата економска, техничка, кадровска и стручна екипираност за изведување на предвидените градежни работи.  

Алузијата на формулацијата „атрактивна политичка информација“ најверојатно се однесува на тоа што селото Зајас е родното место и актуелно живеалиште на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.  

„Напротив, ‘Еуроинвест Медиу’ преставува сериозна компанија, со бројни успешни проекти зад себе, со голем број вработени кои ја остваруваат својата лична егзистенција преку придонесот во работата на компанијата, како и бројни кооперанти, соработници и добавувачи. Во името на сите овие групи сакаме да реагираме навреме и до МНР како договорен орган, но и до јавноста“,се вели во писмениот допис.  

Недостатокот на одлука или одбивањето да се одбере „Еуроинвест Медиу“ поради тоа што седиштето ѝ е во селото Зајас, од компанијата велат дека ќе го сметаат за флагрантно кршење на основните права и слободи на граѓаните на земјава, како и незаконски однос кон бизнис-секторот, кој ги нарушува основните правила на пазарната економија.  

„Секоја таква одлука компанијата ќе ја обжали до сите правни и правосудни инстанци, а соодветно ќе бидат известени и органите за добро владеење, органите за спречување корупција, невладините организации, медиумите, како и амбасадите на земјите кои имаат дипломатски претставништва во земјава“,се вели на крајот на дописот.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Бугарин не бил пуштен во Македонија поради…

„Сметаме дека е неприфатливо да се забрани…

Полскиот МНР: „Јавна тајна“ е дека западните…

Фактот дека западните сили се присутни во…

Бујар Османи: Амбасадорката е повикана во бугарското…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во…

МНР најостро го осудува нападот во Газа!

Министерството за надворешни работи најостро го осудува…