ЕУ: Ако Македонија и Бугарија го прифатат францускиот предлог може да се закажат меѓувладини конференции
Oд Брисел велат дека на маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни, во однос на францускиот предлог.
По најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека е уверен дека е постигнат добар компромисен договор за Бугарија и Македонија, од Советот во ЕУ ги поздравија неговите напори, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Ако предлогот биде прифатен ова ќе овозможи исчекор за кој ЕУ работи веќе две години, изјави висок дипломатски извор за новинарите во Брисел.
Тој рече дека ЕУ го поздравува ангажманот на француското претседателство да се постигне заеднички прифатливо решение за отворањето на преговорите со Северна Македонија.Ако двете страни го прифатат предлогот веднаш ќе може да се усвои преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ за Македонија, но и за Албанија, по што може да се закажат меѓувладини конференции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…