ЕУ до крајот на годината ќе обучи повеќе од 60.000 украински војници

t

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска најави дека ЕУ до крајот на годината ќе ѝ испорача повеќе од еден милион артилериски куршуми на Украина и ќе обучи повеќе од 60.000 војници.

Во авторски текст објавен на веб-страницата на ЕУ, Борел наведува дека блокот значително ја забрзува воената поддршка за Украина и дека во текот на 2024 година износот на новата помош ќе биде речиси еднаков на износот доделен во двете претходни години, оценувајќи го тоа како „прилично импресивна сума“.

„Со нашите земји-членки споделивме нови збирни податоци за нашата поддршка за Украина од почетокот на руската агресија, пред речиси две години. Европската унија, преку сопствени инструменти, и нејзините земји-членки, билатерално, веќе заеднички обезбедија повеќе од 28 милијарди евра воена помош за Украина“, напишал Борел, додавајќи дека во текот на 2024 година веќе се испорачани 21 милијарда евра помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

Над 160 здравствени работници учеа да препозна…

Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…