ЕУ едногласна: Силно го поддржуваме правото на самоодбрана на Израел
Лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија денеска објавија соопштение во кое нагласуваат дека Израел има право на самоодбрана во согласност со меѓународното хуманитарно право.
По терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас врз Израел на 7 октомври, повеќе претставници на земјите-членки на ЕУ и европските институции го истакнаа правото на Израел на самоодбрана, при што мора да го почитува меѓународното хуманитарно право, за прв пат се дава ваква координирана изјава од лидерите на сите земји.
„Нема оправдување за теророт. Силно го нагласуваме правото на Израел на самоодбрана во согласност со хуманитарното и меѓународното право наспроти ваквите насилни и неселективни напади“, се вели во изјавата на 27-те лидери на земјите членки, која беше договорена викендов.
„Ја повторуваме важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време и во согласност со меѓународното хуманитарно право“, се додава во соопштението.
Во соопштението, исто така, остро се осудуваат бруталните терористички напади на Хамас и се изразува жалење за загубените животи.
Лидерите го повикуваат Хамас веднаш и безусловно да ги ослободи заложниците. Тие, исто така, повторуваат дека е важно да се обезбеди итна хуманитарна помош и изразуваат подготвеност да продолжат да ги поддржуваат цивилите во Газа, но оваа помош да не се злоупотребува од терористичките организации.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика итен видео-самит за вторник попладне, на кој лидерите на ЕУ треба да дефинираат заеднички став за ситуацијата на Блискиот Исток по нападот на Хамас врз Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…