Објавено на:

ЕУ е “екстремно загрижена” и ќе ѝ помага на Шпанија за спорот со Алжир

t

Претставници на ЕУ денеска соопштија дека Унијата гледа на кризата во односите меѓу Шпанија и Алжир со „екстремна загриженост” и е подготвена да ги брани интересите на своите членки.

Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел во заедничка изјава рекоа дека одлуката на Алжир да го суспендира дводеценискиот договор за пријателство со Шпанија, кој може да ја прекине трговијата меѓу двете земји, делува како „кршење на Договорот за асоцијација ЕУ-Алжир, конкретно во областа на трговијата и инвестициите”.

– Тоа би довело до дискриминаторски третман на земјите-членки на ЕУ и негативно би влијаело на остварувањето на правата на Унијата според Договорот, се вели во соопштението.

Домбровскис и Борел повикаа на решение на спорот преку дијалог, додавајќи дека „ЕУ е подготвена да се спротивстави на какви било присилни мерки” против членката на ЕУ.

Алжир го суспендираше договорот за пријателство откако шпанската Влада го промени ставот кон териториите на Западна Сахара.

Алжир го врати својот амбасадор во Шпанија во март, кога Мадрид ги поддржа обидите на Мароко да ја задржи власта во Западна Сахара. Алжир го поддржува Полисарио, движење кое се бори за независност на таа територија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…

Пуџдемон рече дека ќе се врати во…

Каталонскиот сепаратист и поранешен регионален лидер Карлес…