ЕУ е за постепено укинување на мерките против Косово, чекорите зависат од смирување на тензиите на северот

t

Извори од Европската Унија потврдија дека првите чекори во постепеното укинување на мерките против Косово биле техничка помош во врска со Фондовите за реформи и раст, како и продолжување на работата на поткомисиите во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Сепак, укинувањето на другите казнени мерки зависи од чекорите што Косово треба да ги преземе за да ги намали тензиите на север, објави Коссев.

Портпаролот на Европската комисија потсети дека во декември 2024 година, Советот на ЕУ прогласи дека ЕУ постепено ќе ги укинува мерките паралелно со другите чекори што ги презема Косово за смирување на тензиите на север.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…