Објавено на:

ЕУ за изјавата на Силјановска: Несреќен настап на новата претседателка

t

Европската Унија очекува од новите власти во Македонија да покажат посветеност на европската иднина и да продолжат по успешниот пристапен пат, рече денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано.

Тој рече дека вчера имале изјава за несреќниот настап на новата претседателка која не го спомена уставното име на земјата во давањето заклетва.

-Она што се очекува од Северна Македонија беше многу јасно наведено во последниот извештај за проширувањето во кој пишува дека во делот на регионалната соработка земјата одржала добри односи со другите држави од процесот на проширување и го продолжила учество во регионална иницијативи, постоечките билатерални договори треба, во добра волја, да се имплементираат од сите страни, вклучувајќи го и Преспанскиот договор склучен меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, вклучувајќи ги и протоколите. Ова е очекувањето од ЕУ, вели Стано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…