ЕУ изјавува: Руската инвазија влијаеше на рутата по која се шверцувало дрога
Руската инвазија на Украина влијаеше и на промената на патиштата за криумчарење дрога во Европа, изјави агенцијата на Европската Унија.
Директорот на Европскиот центар за следење дрога и зависности од дроги, Алексис Гусдил изјави дека војната веќе има „директно влијание“ на еден од патиштата за трговија со хероин од Авганистан, што минуваше низ Украина и низ соседните земји.
–Трговците со дрога повеќе не се заинтересирани да продолжат да го користат овој пат, појасни тој на онлајн прес-конференција.
Како што тој додаде, веќе има знаци за зголемена трговија на границите меѓу Турција и Бугарија, како и на Турција и Грција.
Конфликтот ги принудил криумчарите кои го користеле Црното Море, да преминат на други патишта за пренос на дрога.
Гусдил верува дека ќе се зголеми трговијата низ грчките острови и јужниот дел на Медитеранот.
Во годишниот извештај на агенцијата се истакнува дека многу луѓе, кои за време на војната претрпеле „голем психолошки стрес“, може да прибегнат и да злоупотребуваат штетни супстанци.
Се предупредува дека здравствените служби во европските земји, особено на оние што граничат со Украина, може да станат уште пооптоварени. Тоа, бидејќи зависниците од дрога кои бегаат од конфликтот, ќе побараат услуга и поддршка.
Агенцијата истакнува дека тешката финансиска ситуација во Авганистан, што од август е под контрола на талибанците, заработката од дрога може да ја претвори во значаен извор на приходи. Тоа може да резултира со зголемување на трговијата со хероин кон Европа.
Во извештајот пишува и дека и покрај забраната за производство, продажба и трговија со недозволена дрога, во Авганистан продолжува одгледувањето афион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…
Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…
Кина остро реагираше на новите американски мерки…