ЕУ исклучува 21 унгарски универзитет од програмите Еразмус и Хоризнот, суспендирано и финансирањето за истите
Европската комисија одлучи да го суспендира финансирањето на Еразмус и Хоризонт за 21 унгарски универзитет управувани од фондации поврзани со владата. Во април 2021 година, овие универзитети беа трансформирани во „фондации од јавен интерес“ управувани од луѓе блиски до премиерот Виктор Орбан.
Причина за суспензијата е присуството на политички личности и блиски до владата на Фидес во управните одбори, како и нетранспарентноста во користењето на европските фондови.
„Можам да потврдам дека Комисијата ја информираше Унгарија во текот на декември дека од 15 декември на земјата ќе и се забрани да влегува во нови законски обврски со субјекти кои спаѓаат во категоријата фондации од јавен интерес“, објасни портпаролот на Европската комисија.
Оваа одлука не се однесува на центрите кои склучиле договори пред 15 декември, датумот кога Комисијата одлучи да ги замрзне средствата. Комисијата повторно ќе ги активира овие програми откако Унгарија ќе ги „исправи неправилностите“. Будимпешта, од своја страна, вети дека ќе го реформира законот, но засега само одлучи политичарите кои се дел од фондациите да не можат да гласаат за одредени прашања. Во 2020 година, повеќе од 22.000 унгарски студенти учествуваа во програмите за размена на „Еразмус плус“. Комисијата на крајот на минатата година одлучи да ја замрзне испораката на 6,3 милијарди евра кохезиони фондови додека Унгарија не даде гаранции дека програмите ја почитуваат Европската повелба за основни права, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…