ЕУ испраќа мисија која ќе ја оценува работата на Судскиот совет во Македонија

t

Европската Унија испраќа оценска мисија во Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Ова го најави евроамбасадорот Дејвид Гир во гостување на ТВ Телма.

Гир рече дека тоа веќе ѝ е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.

-Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа одблиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. И она што го видовме неодамна е навистина… Неодамнешните слчувања се многу загрижувачки. До толку што поради тоа ние и предложивме на Владата да распоредиме тука оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет, за да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за тие навистина да можат да ја вршат својата работа во иднина, вели Гир.

Тој појаснува дека тоа е советодавна група, оценска мисија.

– Се надевам дека ќе може тоа да го направиме набрзо, но тоа покажува колку внимание ние посветуваме на владеењето на правото и колку важна ја сметаме улогата на Судскиот совет. Ова треба да се поправи, одговори Гир на прашањето за случувањата во Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…