ЕУ и ветува на Украина повеќе оружје и муниција пред зимата
Лидерите на Европската Унија денеска ветија дека ќе продолжат со испорака на оружје и муниција за Украина.
Во заедничката Декларација, ЕУ и вети на Украина испорака на дополнителни генератори на електрична енергија и мобилни топлински станици.
-ЕУ ќе продолжи да дава силна поддршка за Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно, се вели во Декларацијата.
Лидерите на ЕУ, исто така, ја поддржаа работата на законски предлог за тоа како да се користат приходите од управувањето со руските средства замрзнати во блокот за обнова на Украина.
Борел предложи да се мобилизираат вкупно 20 милијарди евра за воена помош од 2024 година до крајот на 2027 година, покрај 50 милијарди евра буџетска поддршка./
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: НАТО останува на Косово и во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…
Иран ја потврди смртта на висок воен…
Израелската војска минатата недела тврдеше дека го…
Запленети над два тона сув цвет од…
Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…
Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…