ЕУ и Русија ги повикуваат сите страни на максимална воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација во Појасот Газа
Европската Унија со голема загриженост го следи насилството во Појасот Газа и ги повикува сите страни на максимална воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација, изјави Петар Стано, портпаролот на шефот на европската дипломатија Жозеп Б.
„Израел има право да го заштити своето цивилно население, но мора да се направи сè за да се спречи поширок конфликт, кој првенствено ќе влијае на цивилното населени на двете страни и ќе доведе до нови жртви и страдања“, посочи Петер Стано во изјавата. .
Тој нагласи дека насилството веќе резултирало со неколку жртви, меѓу кои и едно петгодишно девојче.
Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските воздушни напади загинале 13 лица, а 114 се ранети, но не е прецизирано колку цивили има меѓу жртвите.
„Овие последни настани повторно ја нагласуваат потребата од обновување на политичкиот хоризонт“, рече портпаролот.
Израелската армија денеска соопшти дека се подготвува за напади кои ќе ги изведува една недела во Појасот Газа против Исламски џихад.
Како што наведе, 15 борци на таа организација веќе се убиени во воздушни напади, кои почнаа во петокот попладне, во кои, меѓу другото, беа гаѓани и места каде се произведува оружје.
Тоа е најголемиот конфликт меѓу Израел и организациите во Газа од војната во мај 2021 година во која загинаа 260 луѓе на палестинска и 14 на израелска страна.
И Русија денеска објави дека е длабоко загрижена за насилството и жртвите во Појасот Газа.
„Со длабока загриженост го набљудуваме развојот на настаните кои би можеле да доведат до продолжување на воениот конфликт од целосен обем и дополнително да ја влошат и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, повикувајќи ги сите страни на максимална воздржаност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сеќавање на Јовица, нека кампањата биде…
Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од…
Трамп жестоко го нападна Axios: „На Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп категорично демантираше дека…
Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со…
По средбите со претставници на Американската финансиска…
Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година…
Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру…
Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот…
Тензиите меѓу САД и Иран повторно растат…