ЕУ назначи словенечки дипломат за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан
Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија, а пренесе регионалната телевизија Н1.
Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со перспектива за членство во исполнувањето на критериумите за пристапување.
Маковец до неодамна беше шеф на кабинетот на еврокомесарката за проширување Марта Кос. Претходно беше директор во Европската служба за надворешно дејствување, каде што беше задолжен за Западен Балкан, Турција, земјите од Европската економска област и за односите со Обединетото Кралство по Брегзит.
Пред тоа Маковец извршувал повеќе високи функции во словенечката дипломатска служба и во Владата на Словенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 151 руски и осомничени руски хибридни…
Пожари во магацини, експлозивни пакети во курирски…
НАПАДНАТ 13-ГОДИШНИК ВО СКОПЈЕ: Родител на негов…
13-годишно момче од Скопје било донесено со…
Голема утеха од Брисел: Напредокот ѝ е…
Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред…
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од…
Четири лица се лишени од слобода во…
Лондон до Техеран: Велика Британија нема да…
Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд,…