ЕУ најави можни мерки против Владата на Курти
Кабинетот на високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, подготвил предлог за пакет мерки насочени кон Владата на Косово и премиерот Албин Курти,поради недостиг на политичката волја за да се преземат неопходните мерки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
Како што дознава Радио Слободна Европа (РСЕ) од дипломатски извори во Брисел, меѓу предложените мерки што ги подготвил кабинетот на Борел е да се блокираат сите покани за Косово на настани од високо ниво и да се откажат билатералните посети на Приштина, освен оние кои имаат за цел решавање на кризата на северот на земјата.
Инаку и портпаролот на ЕУ Петер Стано за Н1 изјави дека со земјите-членки на ЕУ споделиле нацрт-мерки што ќе бидат преземени доколку премиерот Курти не преземе итни и соодветни чекори за деескалација на ситуацијата и намалување на тензиите.
„Најновиот развој на ситуацијата на северот на Косово докажува дека ескалацијата продолжува и дека се коси со интересите на Косово и неговиот народ“, вели Стано.
Косово влегува во драматичен судир со евроатлантската заедница, констатираше денеска албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција, на која го најави и одложувањето на заедничката седница на владите на двете земји што требаше да се одржи утре.
„Имаме многу проблеми, бидејќи Албанија не е НЛО, не работи изолирано, а односот на Албанија со Косово е братски однос. Албанија е земја која е нераскинлив дел од евроатлантската заедница, членка на НАТО и нема шанси Албанија да се помести од оската на евроатлантската заедница, нагласи Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…