ЕУ најави над една милијарда евра финансиска помош за Украина

t

Европската комисија во понеделникот предложи повеќе од 1 милијарда евра за потенцијално нова нова финансиска помош за Украина, повикувајќи го блокот брзо да дејствува поради стравувањата од руска инвазија.

Овој потег е последен обид на европските сојузници да покажат поддршка за Украина, по обвинувањата од САД дека 100.000 руски војници се собрани долж нејзината граница.

Сепак, не е јасно колку брзо парите на ЕУ би можеле да стигнат до Украина. Финансирањето треба да добие зелено светло од земјите на ЕУ и Европскиот парламент пред да биде финализиран.

Пакетот, кој може да достигне 1,32 милијарди евра, содржи мешавина од заеми и грантови за кои претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен вети дека ќе и помогне на Украина сега да ги реши нејзините финансиски потреби поради конфликтот. Доколку биде одобрено, додаде таа, ЕУ би можела да започне со брза исплата на Украина од 600 милиони евра.

Официјален претставник на Комисијата истакна дека целиот пакет претставува нови пари за Украина кои ќе бидат лесно достапни. Фон дер Лајен, рече официјалниот претставник, се движи брзо за да испрати силна порака за поддршка во услови на континуирана руска закана.

Покрај финансирањето предложено во понеделникот, фон дер Лајен рече дека Комисијата наскоро ќе започне со работа на долгорочен пакет финансиска помош за Украина за поддршка на напорите за модернизација на земјата.

Дополнително, Комисијата ја зголемува својата билатерална помош за Украина, доделувајќи уште 120 милиони евра грантови.

„Да бидам јасен уште еднаш“, рече фон дер Лајен. „Украина е слободна и суверена земја. Таа прави свои избори. ЕУ ќе продолжи да стои на нејзина страна“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот ја потврдија својата поддршка за Украина, уште еднаш ја осудуваат Русија и најавуваат обединет, остар одговор доколку Москва изврши инвазија. Но, сојузниците, исто така, се соочуваат со несогласувања за тоа како точно да одговорат, со различни мислења околу тоа кои санкции најефективно би ја казниле Русија, а истовремено ќе ја ограничат штетата на европската економија.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во понеделникот, исто така , рече дека блокот засега нема да ги евакуира семејствата на дипломатите на ЕУ од Украина, дури и кога САД и Велика Британија го започнаа тој процес додека ескалираа тензиите со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба од Макрон: Ќе го покани Путин…

Францускиот претседател Емануел Макрон не исклучува дека…

Приемот на Украима во ЕУ ќе чини…

Приемот на Украина во Европската унија би…

Украина сѐ повеќе ќе се потпира на…

Украина се повеќе се потпира на различни…

Блинкен: САД имаат план за Украина

Американските власти направија јасен план за Украина,…

Путин: Подготвен сум да преговарам со Украина

Претседателот Владимир Путин вели дека Русија ќе…