Објавено на:

ЕУ нема доказ дека Кина ѝ испорачува оружје на Русија, призна Фон дер Лајен

t

Европската унија нема докази за намерата на Кина да ѝ доставува оружје на Руската Федерација, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Во моментов немаме докази за тоа (испорака на оружје во Руската Федерација), но мораме да набљудуваме секој ден“, рече Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесува „РИА Новости“.

Фон дер Лајен го оцени прашањето за санкции против Кина во случај на испорака на оружје како „хипотетички“, што значи дека може да се одговори кога ќе стане реалност.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги пренесе за Си-Ен-Ен гаранциите на кинеската влада дека нема да испорача оружје на руската страна.

„Сите ние сме на едногласно мислење дека не треба да има снабдување со оружје. Кинеската влада соопшти дека нема да испорача ништо. Ние го бараме тоа и ја следиме ситуацијата“, рече Шолц, пренесува ТАСС.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата е загрижена поради можноста Кина да ѝ испорача оружје на Русија. Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок му порача на кинескиот министер за надворешни работи дека испораката на оружје за Русија е неприфатлива.

Мајкл Мекол, шефот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, наводно повикувајќи се на разузнавачки информации, тврди дека Кина размислува за испорака на стотици беспилотни летала во Русија.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, рече дека САД, а не Кина, континуирано и доставуваат оружје на Украина и дека Вашингтон треба да престане да шири дезинформации и да ја префрла одговорноста на други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…

Поранешна шпанска министерка: Сеута беше „хибриден напад“…

Масовното влегување на околу 80.000 мигранти од…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…