ЕУ не се договори за формирање меѓународен трибунал за случувањата во Украина

t

Идејата на Европската комисија да создаде некој вид специјализиран меѓународен трибунал за Украина не наиде на едногласна поддршка од министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ на неодамнешниот состанок во Брисел, објави шефор на европската дипломатија, Жозеп Борел.


„Постои полемика за тоа дали ни треба нешто друго, покрај трибунал, за да се бориме против неказнивоста во Украина и разговаравме за тоа, иако без конкретен резултат“, рече дипломатот, говорејќи на форумот за човекови права во Брисел.

Борел додаде дека е можно создавање на алтернативна структура, но процесот на дискусија за оваа иницијатива го нарече „интересна дискусија која немаше конкретен одговор“.

Во исто време, тој додаде дека ЕУ треба да вложи повеќе напори за „борба против неказнивоста“, но не ги објави своите понатамошни планови во оваа насока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…

Во рудниците за бакар се потребни нови…

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…