ЕУ одобри најголема транша помош за Украина вредна речиси осум милијарди евра
Советот на Европската унија одобри исплата на речиси осум милијарди евра помош за Украина, наменета за закрепнување, обнова, модернизација и реформи поврзани со пристапувањето во Унијата.
Тоа е најголемата поединечна исплата што ЕУ ја додели во рамките на Инструментот за Украина, посветен механизам за финансиска и оперативна поддршка на Европската унија за периодот од 2024 до 2027 година.
Вкупниот буџет на Инструментот за Украина изнесува 50 милијарди евра, од кои 33 милијарди се заеми, а 17 милијарди се грантови. Повеќе од 40 милијарди се наменети за реформи и инвестиции предвидени во украинскиот план за закрепнување и пристапување во ЕУ.
По таа, деветта исплата, сумата што Украина ја доби од тој план се искачи на повеќе од 40 милијарди евра.
Исплатата на средствата е условена со спроведувањето на таканаречениот Украински план и исполнувањето на конкретните реформски чекори што Украина ги договори со Европската унија.
Советот наведува дека таа исплата дојде откако Украина исполни повеќе од 20 целни чекори поврзани со различни реформи во клучни области, како што се: судскиот систем; борба против корупција и перење пари; финансиски пазари; управување со јавен имот; човечки капитал; деловно опкружување; децентрализација и регионална политика; енергија; земјоделски и прехранбен сектор; дигитална трансформација; и заштита на животната средина.
Покрај тоа, Европската комисија објави дека исплатила 1,71 милијарди евра воена помош наменета за набавка на беспилотни летала, муниција и системи за противвоздушна одбрана.
„Ќе продолжиме да даваме непоколеблива поддршка за Украина – исто како што тоа го правиме секој ден од првиот ден на руската агресивна војна“, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри најголема транша помош за Украина…
Советот на Европската унија одобри исплата на…
(Видео) Трамп: Путин е поблаг во однос…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Филипче: Протестот во Охрид утре ќе се…
Најавениот протест на Форумот на жени на…
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата во Струга е забранета за пиење…
Во изминатото деноноќие, на територијата на целата…
На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско…