ЕУ: Од 1999 година во Косово се вложени 3,7 милијарди евра

t

Вчера Европската Унија (ЕУ) во Косово објави податоци според кои 3,7 милијарди евра се вложени во Косово од 1999 година за проекти за поддршка и помош во градењето институции.

Вложените средства ја прават Европската Унија најголем донатор и партнер од независноста. Во изминатите 26 години, ЕУ инвестираше во економијата, здравството, инфраструктурата и подобрувањето на заштитата на животната средина во Косово.

„Поддршката од ЕУ прави вистинска разлика во животот на луѓето, помагајќи да се изгради посветла иднина за сите. На секој чекор од патот, ЕУ е со вас, поддржувајќи го напредокот и обезбедувајќи можности“, соопшти ЕУ.

Улогата на ЕУ во процесот на градење на институциите на Косово е клучна и се спроведува преку различни механизми, од кои најзначаен е мисијата ЕУЛЕКС.

Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) е полициска и цивилна мисија на ЕУ што би овозможила спроведување на независността на Косово според планот на Марти Ахтисари. Мисијата вклучува 2.250 меѓународни и локални полицајци, обвинители и судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…