ЕУ повика на воздржаност од паника во врска со енергетската криза
Лидерите на ЕУ разгледуваат низа опции за намалување на цените на енергијата кои нагло се зголемија поради војната во Иран и блокадата на бродовите од Заливот кои извезуваат нафта. Една од темите е ограничувања на цените или ослободување на резервите на нафра за итни случаи.
Министрите на Г7 ја разгледаа можноста за користење на резервите за итни случаи во понеделник, иако францускиот министер за финансии Ролан Лескир рече дека „сè уште не сме стигнале до таа фаза“.
Цените на енергијата ќе бидат дискутирани денес и на видеоконференција на лидерите на ЕУ пред состанокот на Европскиот совет на 19 март.
Еввропската комисија засега ја исклучува употребата на вонредни овластувања што би им овозможиле на владите на ЕУ да трошат јавни пари за да ги компензираат повисоките цени на енергијата.
ЕУ е подготвена за непријатно повторување на инфлацискиот шок што се случи по целосната инвазија на Украина од страна на Русија. Но, досега, ставот од Брисел : Смирете се, сè уште не сме таму.
Земјите членки се загрижени за политичките последици. Во Унгарија, каде што гласачите ќе излезат на гласање на почетокот на следниот месец, премиерот Виктор Орбан побара Брисел да ги укине санкциите врз рускиот извоз на енергија за да ги компензира високите цени. Овој повик на Орбан засега се игнорира од останатите земји членки.
Пред да се превземат посериозни мерки кои се разгледуваат како опции се прават анализи за тоа колку би траела војната во Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…