ЕУ постигна договор: Перење на криптовалути ќе се казнува како перење на пари
Европската унија постигна договор за нови правила според кои трансферите на криптовалути ќе подлежат на истите правила за перење пари како и традиционалните банкарски трансфери.
Синоќа, преговарачите на ЕУ потпишаа привремена спогодба за првите правила на 27-члениот блок за следење на трансферот на крипто средства како што е биткоинот, кои имаат за цел да ги потиснат нелегалните трансфери и да блокираат сомнителни трансакции.
Според новите правила, кога крипто средството ја менува сопственоста, информациите за изворот и корисникот ќе треба да се складираат на двете страни на трансферот. Крипто компаниите ќе мора да ги пренесат овие информации до властите кои истражуваат криминални активности како што се перење пари или финансирање тероризам.
Еден од пратениците на ЕУ во преговорите за правилата, Асита Канко изјави дека крипто средствата „предолго се под радарот на агенциите за спроведување на законот”. „Ќе биде многу потешко да се злоупотребат крипто средствата и невините трговци и инвеститори ќе бидат подобро заштитени”, рече таа.
Институциите на ЕУ ги разработуваат техничките детали пред конечно да бидат одобрени правилата. Преговарачите вечерва треба да ги претстават последните детали од посебниот договор за сеопфатен пакет крипто-регулативи, познати како Пазари на крипто средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…