ЕУ размислува да обезбеди 18 милијарди евра за Украина за 2023 година
ЕУ размислува за можноста за обезбедување на Украина со околу 18 милијарди евра средства во 2023 година, пишува Блумберг, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.
ЕУ е во преговори да ѝ обезбеди на Украина околу 18 милијарди евра средства следната година за да ѝ помогне да ги покрие итните финансиски потреби.
Пакетот за помош за кој се разговара има за цел да обезбеди најмалку половина од сумата која ја побараа властите во Киев.
Претходно, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по неформалниот самит на ЕУ на 7 октомври во Прага, изјави дека Европската унија во наредните денови ќе додели 2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина.
ЕУ претходно се согласи да ѝ обезбеди на Украина уште 5 милијарди евра макрофинансиски заеми, кои беа планирани да бидат префрлени во неколку транши. Извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис на почетокот на октомври најави дека ЕУ ќе додели нова транша од макрофинансиската помош за Украина во средината на октомври, а следните две рати ќе бидат префрлени подоцна оваа година.
Овие 5 милијарди се дел од пакетот објавен во мај во вкупна вредност од 9 милијарди евра, од кои 1 милијарда беа префрлени летото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…