ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето
Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување, дознава бриселски Политико од дипломатски извори.
Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да ги користат повеќето од придобивките од членството, а целосни права да добијат подоцна, откако ЕУ ќе спроведе клучни институционални реформи, вклучително и укинување на едногласното донесување одлуки во повеќето области.
Според овој предлог, земјите-кандидатки би можеле да станат членки под пофлексибилни услови, без потреба од измени во основачките договори на ЕУ, објаснуваат извори за бриселскиот портал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Членки на ЕУ бараат данок на „екстра…
Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија побараа…
Се намалува ценaта на бензините и на…
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на…
Фајненшл тајмс: ЕУ може да го спречи…
Активирањето на членот 7, наводно, било спроведено…
Политико: Шолц направи измама за Орбан да…
Германскиот канцелар наводно му рекол на унгарскиот…
Орбан: Унгарија сè уште може да го…
Премиерот рече дека дозволил да започнат пристапните…