Објавено на:

ЕУ реагира: Не е јасно што точно прави САД со блокадата на поморскиот сообраќај

t

Европската Унија не поддржува никакви мерки што ја ограничуваат слободната пловидба низ Ормунскиот Теснец, вели во интервју за Би-Би-Си шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.

Таа додава дека сè уште не е јасно што точно подразбира американската блокада на иранските пристаништа.

„Не е сосема јасно каква точно е американската мерка“, рече Калас кога беше прашана дали го поддржува потегот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Калас смета дека Европската Унија не поддржува никакви блокади или такси за премин низ теснецот, кој, како што вели таа, досега бил отворен за сите.

Додаде дека земјите-членки се подготвени да помогнат во регионот, но само кога ќе престанат конфликтите и кога ќе биде јасно дека нема безбедносни закани.

Калас, како и другите светски лидери, повика на дипломатско решение на конфликтот, нагласувајќи дека „меѓусебното почитување“ е од суштинско значење за договор.

Таа, исто така, истакна дека во преговорите треба да бидат вклучени и други земји од регионот, бидејќи „тие го познаваат Иран подобро од кој било друг“.

На прашањето дали Трамп сака Европската Унија да учествува во преговорите, Калас одговори остро: „Претседателот Трамп многу јасно стави до знаење што мисли за Европската Унија, па мислам дека тоа ви го дава одговорот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…