ЕУ се закани?! Ако не деескалира состојбата во Косово ќе преземеме драстични мерки
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, денеска изјави дека ЕУ во неколку наврати била јасна што очекува од Косово за да бидат повлечени мерките воведени во Приштина и дека ЕУ е подготвена да воведе драстични мерки доколку нема деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
„ЕУ побара од Косово да дејствува во насока на деескалација и веднаш да ги прекине сите полициски акции во и околу административните општински згради во општините со српско мнозинство на северот на Косово. Четворица градоначалници привремено ќе ги извршуваат своите должности надвор од општинските згради. Ја забележавме и ја поздравивме најавата на Владата на Косово за намалување на полициското присуство за 25 отсто во и околу општинските згради. Сето тоа се важни чекори, но потребни се дополнителни чекори“, рече Стано на редовниот брифинг со новинарите на прашањето дали ЕУ ќе почне да ги укинува мерките против Косово во моментот кога се распишуваат избори во четири општини на северот на Косово со српско мнозинство.
Тој нагласи дека укинувањето на казнените мерки не зависи од ЕУ или меѓународните партнери, туку од способноста на Белград и Приштина да одговорат на барањата, договорите или обврските.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна воен авион на Војската на…
Во близина на населените места Нова и…
(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…
Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…
Новиот состав на српското Собрание денеска на…
Конститутивната седница на новиот состав на Собранието…
Бугарија спаси две руски банки од санкциите…
Бугарија побара од Европската Унија да ги…
19-годишен Македонец уапсен на српско-хрватската граница: ПРЕД…
Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен на српско-хрватската…