ЕУ со Левица против поткупот на медиумите од диктаторот Ковачевски
Политичката партија Левица вели дека ЕУ е со Левица против поткупот не медиумите.
– Покрај низата извештаи на ЕК, кои години наназад неповолно го оценуваат и напредокот во областа на медиумите, сега од Европската Унија, во рамки на билатералните средби, доаѓа потврда за опасноста од обидот за поткуп на медиумите, а со тоа и за нужноста и целисходноста на амандманската блокада на Левица.
Левица ја препознава злонамерноста, а поради тоа и недостатоците на авторитарниот режим на СДС и одговара на секој обид за злоупотреба на државниот апарат молскавично, а на секој недостаток проактивно, државнички како единствената опција на прогресот и за народот.
Во борбата против авторитарниот режим кој се обиде да го стави во погон мрачното орудие на претходниот режим – поткупот на медиуми, преку предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, Левица со амандманска блокада не дозволи околностите да се уназадувачки и обид за сузбивање на слободното и непосредно мислење, информирање и дејствување.
Антиевропското дејствување и хистерично лицемерие на партијата во изумирањето СДС, во полза на краткорочна моќ и државно предавство, остава лузни по внатрешните прашања на државата и меѓународната рамноправност, кои долгорочно може само Левица да ги ревитализира. – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…