ЕУ со најниска оцена за пратениците: Тепачки во Собрание и искористување на европското знаменце

t

Најголемата забелешка во најновиот извештај за подготвеноста на Македонија за членство во ЕУ е упатена кон Собранието, со критики за премногу зачестеното користење на скратената постапка под европско знаменце, односно како и премалата употреба на институтот пратенички прашања.

Закочената работа на Собранието е меѓу главните забелешки во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија и за нејзината подготвеност да ги преземе обврските за членство во ЕУ, каде што се нотирани забелешките за недоволно носење закони, премногу зачестеното користење на скратената постапка под европско знаменце, како и премалата употреба на институтот пратенички прашања, а токму овие забелешки вчера беа во фокусот на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ опозицијата и нејзината „активна блолада“ е виновна што законодавниот дом е неефикасен, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и ЕК го препознала самоволието на спикерот Талат Џафери, пренесува “Слободен печат”.

Според вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, анализата на Извештајот покажува дека земјата има одржливи реформи и препознаен напредок, а според меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, документот ја покажува системската негрижа на Владата за спроведување на реформите во општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…