ЕУ со нова помош за Украина: Започна обуката на 15.000 нови војници

t

Европската унија (ЕУ) денеска ја зголемува воената поддршка за Украина со започнување мисија за обука на 15.000 украински војници и доделување нова помош од 500 милиони евра за купување оружје.

„Никогаш не сме имале мисија од ваков обем“, изјави неименуван европски функционер.

Министрите за надворешни работи на ЕУ треба да ги одобрат тие две одлуки на денешниот состанок во Луксембург, а мисијата потоа ќе профункционира веднаш, велат дипломатски извори.

Во тек се неколку курсеви за обука во земјите-членки, особено во Германија и Франција, каде што украинските војници се обучуваат да користат топови, ракетни фрлачи и системи за противвоздушна одбрана обезбедени од Европа.

Франција ќе обучи околу 2.000 украински војници на нејзина територија, изјави неодамна францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну.

„Тие (украински) војници ќе бидат распоредени во нашите единици во текот на неколку недели“, рече Лекорни, додавајќи дека обуката ќе биде во три фази – општа борбена обука, специфична логистичка обука што ја бара Украина и обука за добиената воена опрема.

Овие обуки ќе бидат финансирани од фондовите на Европскиот мировен фонд, фонд основан надвор од европскиот буџет за воена помош за Украина.

Дипломатски извори соопштија дека целта е да се обезбеди основна обука за 12.000 украински војници и специјална обука за 2.800 војници.

За лансирање на мисијата се планира буџет од 50 до 60 милиони евра годишно, беше прецизирано во Брисел.

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба ќе учествува на состанокот во Луксембург преку видео-врска, а се очекува Франција да ја потврди испораката на шест топови Цезар и противвоздушни одбранбени системи Кротале во Украина.

Германија и Шпанија најавија и испорака на системи за противвоздушна одбрана.

Kurir.rs/Beta

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…

Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…

Фон дер Лајен најави помош од речиси…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Малолетник се здобил со тешки повреди откако…

Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…