ЕУ со нови санкции и за Белорусија
Европската унија денеска воведе нови санкции против Белорусија поради нејзината улога во руската инвазија врз Украина, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ.
–Корепер (Комисијата на постојани претставници) штотуку одобри санкции против белоруски функционери и воен персонал вклучени во руската агресија врз Украина, соопшти француското претседателство.
Санкциите се насочени кон некои економски сектори, вклучувајќи го и извозот на дрво, челик и поташа, калиум карбонат што се користи како ѓубриво во земјоделството.
Европската унија ги воведе првите санкции против Белорусија во 2020 година по насилното задушување на протестите во земјата. Во август 2020 година, луѓето во Белорусија масовно протестираа против резултатот од претседателските избори за кои сметаа дека се наместени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…