ЕУ со нов 17. пакет санкции против Русија
Европска Унија воведе нов пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон руската „флота во сенка“, хибридните закани и кршењето на човековите права.
– ЕУ го одобри 17. Пакет санкции против Русија, кој опфаќа речиси 200 бродови од флотата во сенка. Новите мерки, исто така се однесуваат на хибридните закани и кршењето на човековите права, објави на Икс високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас.
Новите санкции се насочени кон 200 бродови од така наречената флота во сенка, која се користи за заобиколување на меѓународните ограничувања на извоз на руска нафта.
Санкциите се поврзани и со хибридните закани, вклучително и кибернапади, дезинформации и напади врз критичната инфраструктура во земјите-членки на ЕУ.
ЕУ презема и мерки против поединци и ентитети поврзани со кршење на човековите права на окупираните територии на Украина и во Русија.
Претходно, шефот на британската дипломатија Дејвид Лами изјави дека Лондон вовел сто нови санкции против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…