ЕУ со осуда на трансферот на оружје меѓу Северна Кореја и Русија
Европската Унија е длабоко загрижена од извештаите за воена соработка и трансфери на оружје меѓу Северна Кореја и Руската Федерација наменето за употреба во илегалната, неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
– Европската Унија силно го осудува секој таков трансфер на оружје. ЕУ ги повикува Северна Кореја и Русија да се воздржат од каква било размена на воена опрема или муниција и да се придржуваат до резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вклучително и 1718, 1874 и 2270, кои јасно забрануваат каков било извоз или увоз на оружје поврзан со Демократска Народна Република Кореја, се наведува во соопштението.
Според ЕЕАС, кршењето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН на која и самата е коавтор од страна на Москва и продлабочувањето на врските со Пјонгјанг се показател на нејзината зголемена изолација и очај и на ефективноста на рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработен во МВР возел без возачка и…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…
Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…
Герасимовски: Вонредна дератизација на критични локации во…
Општина Центар – Скопје денес и утре…
Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…
Повеќе од два часа главниот град е…
Гори комбе во Кисела Вода во близина…
Гори комбе на улицата Ѓорѓи Сугаре, во…