Објавено на:

ЕУ ќе додели 15 милиони евра помош за армијата на Албанија

t

Советот на ЕУ денеска донесе решение за обезбедување на финансиска помош во висина од 15 милиони евра за јакнење на одбранбените потенцијали и способности на Вооружените сили на Албанија, пренесе дописникот на МИА од Брисел.

Ова претставува втор пакет помош за Албанија во рамките на Европскиот мировен инструмент, по претходното доделување на 13 милиони евра на албанската Армија за унапредување на капацитетот за навремено и ефикасно распоредување.

“Албанија е близок и постојан партнер на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, придонесува во операциите на ЕУ и е сојузник во НАТО. Зајакнувањето на нашата безбедносна и одбранбена соработка со Албанија директно ги зајакнува европската стабилност, безбедност и мир”, изјави високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, по повод денешната одлука на Советот.

Според Советот на ЕУ, дополнителните 15 милиони евра помош ќе придонесат за зголемување на можностите на Албанија да учествува во операциите и мисиите на Унијата и на други меѓународни коалиции. Со овие средства ќе бидат набавени лесни оклопни повеќенаменски, тактички и инженерски возила, материјали и услуги поврзани со нив, како и обука за оперативни активности и одржување, за потребите на Вооружените сили на Албанија.

“Денешната одлука го илустрира силниот континуиран ангажман на ЕУ со Албанија во однос на безбедноста и одбраната. Таа, исто така, ја одразува заедничката посветеност за зајакнување на соработката во оваа област, врз основа на Договорот за партнерството во безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија во ноември 2024 година и започнувањето на првиот дијалог за безбедност и одбрана во април 2025 година”, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Усвојувањето на новиот пакет за поддршка е потврда за целосното усогласување на Албанија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Во април оваа година, Советот на ЕУ, исто така преку Европскиот мировен инструмент, додели 15 милиони евра помош и на македонската Армија за јакнење на нејзините одбранбени потенцијали и способности и оперативна подготвеност. Овие пари беа наменети за набавка на опрема за разузнавање, надзор и извидување и за електронско војување, потоа комунални и инженерски возила, комуникациски и информациски системи и опрема за борбена обука, како и за оперативна обука за нивно користење.

Од 2023 година досега, вкупната помош од ЕУ за земјава во рамки на Европскиот мировен инструмент достигна 38 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…