ЕУ ќе замрзне 1,5 милијарди средства наменети за Србија
Тоа комесарката на ЕУ за проширување, Марта Кос, и официјално ќе го објави на денешниот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET).
Државата останува без 1,5 милијарди евра од таканаречениот „План за раст“ поради контроверзните правосудни реформи.
Сепак, конечната одлука ќе биде донесена откако Венецијанската комисија ќе го соопшти своето мислење за таканаречените „Мрдиќеви закони“.
Кос веќе оцени дека со усвојувањето и спроведувањето на тие закони Србија назадува на патот кон ЕУ и побара нивната примена законски да се запре.
Покрај тоа, сите шест земји од Западен Балкан се соочуваат со можност да останат без повеќе од 700 милиони евра.
Како што дознава N1, целиот Балкан ризикува да ја пропушти можноста да ги добие тие средства доколку не ги исполни реформските обврски до 30 јуни. Станува збор за реформи кои требаше да бидат завршени до крајот на јуни минатата година, но тој рок во меѓувреме беше поместен.
Кос ќе предупреди на оваа можност на денешниот состанок на AFET, со цел државите да сфатат дека времето истекува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…