Објавено на:

ЕУ ќе ѝ достави на Украина милион парчиња муниција

t

Европската унија ќе ѝ достави на Украина еден милион парчиња муниција во следните 12 месеци, изјави денеска комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во Европскиот парламент.

Во последните шест недели, комесарот на Европската комисија посети 15 фабрики во 13 земји со цел да се запознае со предизвиците и потребите на индустријата за производство на муниција во Европа и да ја прошири и забрза, информира тој на пленарната седница во Стразбур.

Убеден сум дека за 12 месеци, со соодветна поддршка, навистина можеме да обезбедиме производство на милион парчиња муниција годишно, рече еврокомесарот, додавајќи дека шефовите на државите на ЕУ се обврзале да обезбедат толкаво количество на муниција за Украина во следната година.

Тој рече дека сегашните капацитети не се во согласност со постоечките потреби, но оти постои вистинска волја за нивно зајакнување. Европската комисија ќе обезбеди 500 милиони евра од буџетот за оваа цел и очекува дека заедно со јавните партнерства, ова ќе генерира вкупно една милијарда евра помош. Бретон предупреди дека војната се води преку производствените капацитети и оти Европа мора тука да покаже „кредибилитет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…

Група од околу 20 претставници на Европскиот…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…