Објавено на:

ЕУ ѝ испрати на Украина 4,5 милијарди евра помош

t

Европската комисија ѝ ги исплати на Украина првите 4,5 милијарди евра поддршка во рамките на новиот фонд на ЕУ за Украина од предвидените 50 милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во изјава наведе дека исплатата, во форма на краткорочно финансирање, е од клучно значење за да и се помогне на Украина да го одржи функционирањето на државата во тешко време, пишува Гардијан. пренесува Танјуг.

Таа додаде дека Украина го доставила својот план, кој покажува како земјата може да се врати на брзиот раст и да почне да ги компензира загубите предизвикани од војната.

„Со него Украина постави цврста основа за поддршка на ЕУ до крајот на 2027 година“, рече Фон дер Лајен.

На крајот на февруари, Европскиот парламент донесе одлука за создавање фонд за помош на Украина во вредност од 50 милијарди евра.

На специјалниот самит на 1 февруари 2024 година, лидерите на ЕУ одлучија да создадат фонд за помош на Украина за периодот до 2027 година во износ од 50 милијарди евра, како и да воспостават механизам за известување, според кој ќе се склучуваат годишни договори и да одобри натамошно испраќање финансиска помош за Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…