Ефтино веќе нема: Неофицијално се ykинува евтината струја, цената ќе пocкапи за 10 проценти

t

Според неофицијални информации струјата ќе поскапи за околу 10 проценти.

Токму на оваа тема се разговараше на денешната седница на Регулаторната комисија, а официјално новата цена јавноста ќе ја дознае утре или во петок.

Според информациите на Инфомакс она што е предложено и се наоѓа на масата по однос на цената на струјата е целосно укинување на евтината тарифа на струјата, додека пак цената на електричната енергија ќе се зголеми за околу 10 проценти.

Државните компании, МЕПСО и ЕСМ наводно не биле задоволни од предложеното покачување истакнувајќи дека ја губат брзо ликвидноста и дека можат да имаат проблем со исплатата на плати.

Укинување на ефтината тарифа на струја и зголемување на цената меѓу 9,8 и 10,3 отсто. Неофицијално ова е предлогот на регулаторите кој тие го ставија на маса пред претставниците на трите енергетски компании на денешната подготвителна седница.

На седницата имало жестока дебата во коај регулаторите ја бранеле својата пресметка а претставниците на МЕПСО и Електродистрибуција пак соопштиле дека со ова покачување компаниите нема да имаат за исплата на плати и брзо ќе ја загубат ликвидноста.

Неофицијално БЕГ, бара пак покачување на цената на парното од 300 проценти, но по ова прашање Регулаторна комисија треба допрва одлучува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…

Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…

Заменикот МНР на Русија се закани: Полска…

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…

Осомничените за убиството на малата Данка се…

Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ…