Ејупи сепак ќе може по скратена постапка да стане дипломатка: МНР ја презеде од друга институција

t

Наместо подготовката да трае две години, процедурата може да се поедностави така што Ејупи може да биде упатена на испомош во МНР, што е регуларна практика во Министерството, но по извесно време да биде именувана за конзулка

Поранешната презентерка Бесмира Ејупи, во јавноста позната и како несудената конзулка во Њујорк, можеби сепак ќе има шанса да замине во странство, но овој пат како кадар на Министерството за надворешни работи, барем според предвидувањата на вработени во него. Ејупи од минатиот месец е редовно вработена во МНР. Не со конкурс, ниту со договор на дело, туку била преземена од друга државна институција. Официјално, МНР и натаму молчи и нема никакво објаснување за целиот случај.

Според извори од Министерството, не се знае од која институција е преземена Ејупи, но техничката процедура за нејзиното вработување е завршена и почната е постапката за добивање безбедносен сертификат. Нејзиното работно место, како што објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е соработник во Одделението за правни работи, но нашите извори од МНР велат дека тоа не е пречка таа да се подготвува за одење во дипломатска мисија.

– Кога би се одело според регуларна постапка, потребни се две години за да се подготви за заминување во некое дипломатско-конзуларно претставништво (ДКП). Треба да помине по 4-5 месеци во различни сектори, вклучувајќи и конзуларно одделение, протокол и слично. Исто така, би било добро да ја помине и дипломатската академија во МНР – објаснуваат за „Слободен печат“ дипломатски извори.

Но, „постапката“ може да се поедностави така што Ејупи може да биде  упатена на испомош во МНР, што е регуларна практика во Министерството, но по извесно време да биде именувана за конзулка, на пример.

Кога во февруари годинава беше објавена информацијата дека на затворена владина седница бил утврден предлогот Бесмира Ејупи да биде испратена за генерален конзул во Њујорк, МНР реагираше на тие, како што ги нарече, нецелосните информации.

„Би сакале да реагираме на многубројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во ДКП-ата. Со оглед дека станува збор за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова (Њу Џерси), Јордан Панев, кој е дипломат од кариера и кој е избран во согласност со сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, пишуваше во реакцијата од МНР, без објаснување на што се однесуваат „информациите од доверлив карактер“, но и зошто се „нецелосни“.

Повеќе од еден месец подоцна, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет по допрен глас и почна проверка на податоците од институциите во врска со објавени информации дека на  Ејупи ѝ биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници. Комисијата тогаш отвори постапки за гонење на одговорните лица на општините Петровец, Сарај, Брвеница и Чаир и Државното правобранителство, за склучените договори за дело со Ејупи, која врз основа на договори за дело добивала пари од четири општини и од една државна институција. Катица Николовска од ДКСК тогаш рече дека, имајќи предвид дека Законот вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција, јавно овластување, службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои можност и за кривично гонење.

Николовска вчера за „Слободен печат“ изјави дека досега добиле одговор само од тетовското обвинителство дека нема елементи за кривично гонење, а очекуваат одговори и од другите обвинителства.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарин не бил пуштен во Македонија поради…

„Сметаме дека е неприфатливо да се забрани…

Полскиот МНР: „Јавна тајна“ е дека западните…

Фактот дека западните сили се присутни во…

Кој е на масата а кој на…

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, коментирајќи…

Бујар Османи: Амбасадорката е повикана во бугарското…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во…

МНР најостро го осудува нападот во Газа!

Министерството за надворешни работи најостро го осудува…