Жена го копала тунелот во судот во Црна Гора?

t

Црногорската полиција идентификуваше жена која е осомничена дека е вмешана во случајот со копање тунел до Вишиот суд, а прашање на денови е кога ќе биде уапсена, изјави денеска в.д директорот на Полициската управа Никола Терзиќ.


„Објавувањето на фотографијата на оваа жена им помогна на граѓаните да излезат и самите да дадат информации. Ја идентификувавме и моментално имаме информации дека не ја напуштила територијата на Црна Гора и прашање е само кога ќе биде лоцирана и лишена од слобода. изјави Терзиќ.


Тој појасни дека лицето на фотографијата не е вработен, ниту службеник на Вишиот суд, туку се работи за лице кое има одредени врски со функционер на Високиот суд, пренесе РТЦГ.
„Врската е исклучиво помеѓу службеник на Вишиот суд и лицето од фотографијата што ја бараме и кое имало улога во оваа криминална активност“, рече Терзиќ и објасни што претходно денеска изјави министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ.


Според него, кога министерот рекол дека има одредени врски, тоа е широк поим што може различно да се толкува, не мора да значи дека има криминални врски, овие врски можат да бидат емотивни, семејни или какви било други, што „прави не мора да значи дека има криминална поврзаност, но интересно е што ова лице има одредена поврзаност со лице од Вишиот суд“.
Терзиќ изјавил и дека лицето од фотографијата, пак, имало одредени врски со лица од криминалното милје.


Тој не сакаше да каже која од двете криминални организации од Црна Гора стои зад оваа акција.
„Лицата чии фотографии денеска беа објавени во печатот, засега според нашите сознанија немаат директна комуникација со членови, односно со високи членови на оваа криминална организација. Дефинитивно нашите сознанија укажуваат дека помеѓу овие лица кои го ископа тунелот и нарачателите на оваа работа, имате некој што е посредник и се надевам дека во наредните денови ќе го имаме неговиот идентитет“, рече Терзиќ.
Подземниот тунел долг 30 метри меѓу депото на Вишиот суд и станот во подрумскиот дел на зградата во центарот на Подгорица е откриен на 11 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена почина на паркинг во Кисела Вода!

На 19.02.2024 околу 11.30 часот во СВР…

Во Битола приведена скопјанка барана со шест…

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…

Скопјaнка го прободела бившиот партнер со ножици,…

Жена осомничена за обид за убиство на…

Гром уби жена и маж на плажа…

Маж што продавал лежалки на плажа и…

Жена и дете испаднале од трамвај во…

Во Нов Белград се случила несреќа во…