Жена измамена за 8.600 евра со лажно посредување за купување куќа во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54) од Тетово, М.Ф.(29) од с.Долно Количани, општина Студеничани, И.А.(54) од с.Шемшево, општина Јегуновце и З.З.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Прво и второпријавениот со лажно прикажување на факти во декември 2024 година измамиле жена на тој начин што и ветиле дека ќе и посредуваат да купи куќа во Тетово, сопственост на нивни роднини за сума од 135.000 евра. Таа во два наврати им платила 8.600 евра, а во март 2025 година откако увидела дека куќата е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да го пријави во полиција, но била одвратена во намерата од третопријавениот.
По ова, третопријавениот за целиот настан го запознал четвртопријавениот и по извесен период тие и вратиле 5.100 евра, а останатите ги задржале за себе и ја блокирале на социјалните мрежи, оневозможувајќи и да стапи во контакт со нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена измамена за 8.600 евра со лажно…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(54)…
Расчистена кражба во куќа во Тетово, пронајден…
На 26.12.2025 во 12:00 часот во СВР…
Средношколци протестираат пред СВР Тетово бидејќи имало…
Учениците од средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во…
Полициски инспектор предложен за член на Судски…
Инспектор за прекршоци од тетовската полиција е…
Уапсен тетовец баран од Интерпол
Полицијата во Тетово вчера уапси 49-годишен тетовец…